Македонија
ССНМ бара итно на новинарите да им се овозможи работа во Собранието
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) бара итно да им се овозможи непречен пристап на колегите во Собранието за да можат да ги извршуваат своите професионални задачи.
„Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените просториите од каде се следат седниците на парламентот. значи нивно попречување на работата и нивниот професионален ангажман, а воедно значи забрана за вистинито и објективно информирање за настаните кои ја засегаат јавноста“, се вели во писмената изјава на ССНМ која уследи откако претходно собраниското обезбедување ги отстрани новинарите од галеријата за гости и медиумски екипи
Работата на собраниските известувачи, велат до ССНМ, е нивна професионална обврска и задача и „поради тоа ги повикуваме институциите да им овозможат на новинарите, снимателите и фоторепортерите да им овозможат да ја извршуваат својата работна задача“.
„Исфрлањето на новинарските екипи од парламентот во моментот кога таму се случува настан од интерес на јавноста е досега непознат преседан за новинарската професија. Доколку на медиумите не им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работна задача, ССНМ ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за заштита на новинарите“, велат од самостојниот новинарски синдикат од каде ги повикуваат колегите да информираат професионално, точно и вистинито во интерес на јавноста и граѓаните./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

