Македонија
Груевски: Црвенковски сака да ја врати власта со насилство
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски е цврсто решен да се врати на власт со насилство, со тепање како што вчера тргна кон пензионерите, земјоделците, студентите, изјави премиерот Никола Груевски по изјавата на Црвенковски кој најави блокирање на сообраќајници и секаков вид граѓанска непослушност.
„Тој отворено кажува дека е цврсто решен да се врати на власт со насилство, со тепања, како што вчера се обиде кога тргна кон пензионерите, кон земјоделците кон студентите кон сите оние кои беа на другата страна. Така што од тој аспект загрижува неговото однесување, тоа е лошо за демократијата, за демократијата е нормално некој да демонстрира или на некој начин да штрајкува, но сé додека не се употреби насилство. Оној момент кога ќе се употреби насилство тоа е веќе нешто друго, кршење на законите, кршење на Уставот, уривање на имиџот на државата, правење лоша слика за земјата. Практично, забележувам дека во сите настани кои го уриваат имиџот на земјата во последно време директно учествува самиот Бранко Црвенковски“, изјави Груевски.
Груевски смета дека во понеделникот во Собранието имало излив на насилство од страна на пратениците на СДСМ, коишто, според него, се обиделе да го нападнат претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски.
„Беше запоседната институцијата, да не беше обезбедувањето во самото Собрание, веројатно ќе беше доведен во прашање животот на претседателот на Собранието. Собраниското обезбедување со крајни напори го извлече од салата претседателот на Собранието и тоа беше практично запоседнато. Пратениците на СДСМ почнаа да се качуваат на маса, да скокаат, да рипаат, да тегнат микрофони, седнаа на столчето на претседателот, симболични кажано сакаа да покажат дека го заземаат на сила парламентот на Македонија на нелигитимен начин, незаконски начин со грубо кршење на законите и на Уставот. Оттаму. во една таква ситуација, независно кој го прави тоа, должност но и обврска на собраниското обезбедување во секоја земја е да го заштити парламентот, да го заштити животот и здравјето на претседателот на Собранието и да овозможи продолжување на работата на парламентот. Тоа се случи вчера и доколку имало некакви пречекорувања, тие ќе се разгледаат на снимките. Но од она што јас сум информиран собраниското обезбедување со крајни напори и со многу претрпени удари од другата страна успееле да создадат ред и можност да продолжи да работи парламентот без да бидат загрозени животите и работата на пратениците“, изјави Груевски.
Изјавата на Црвенковски дека жали што протестите не биле порадикални, Груевски ја оцени како многу опасна изјава. Повикот на Црвеновски граѓаните да не ги плаќаат даноците и сметките, го оцени како време кое веќе поминало.
„Мислам дека Црвенковски сé уште живее во времето на 90-тите кога тој беше премиер и кога можеше да не се плаќаат даноци и никому ништо да не му се случи. Неговите блиски не ги плаќаа даноците, а сите други требаше да ги плаќаат даноците. Тоа време е поминато и денес во Македонија владеат закони, Устав, независно кој од која партија е“, рече Груевски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

