Македонија
Вељаноски: Бев принуден да го одржам редот во Собранието
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вели дека жали за случувањата во Парламентот во понеделникот, но тврди дека бил принуден да го одржи редот во пленарната салa и да создаде елементарни услови за работа.
Вељаноски, во интервју за МИА, смета дека е постапено согласно Деловникот, Уставот и законите и оти e испочитувана процедурата за донесување на Буџетот.
„Верувајте, во мојата професионална, но и лична кариера, не сум бил исправен пред потешка одлука, особено заради тоа што е поврзана со колеги пратеници. Сега кога се смирија страстите и кога целосно се разјаснија сценаријата за насилно суспендирање на македонскиот законодавен дом, сосема искрено сакам детално да ја известам јавноста за сето она што се случуваше изминативе недели“, вели Вељаноски.
Спикерот на Собранието смета дека биле направени максимални напори да се изнајде решение и искористени сите можности за деблокирање на донесување на Буџетот, но оти опозицијата не прифатила ниту еден од дадените предлози и го злоупотребила Парламентот за своја ултимативна пресметка со Владата.
„Сепак, личната горчина од запрепастувачкиот однос на моите колеги, кои како толпа посегнаа по мене, ќе треба време да се надмине. Конкретно, сакам јасно да се знае дека беше постапено во согласност со членот 93 од Деловникот. Согласно оваа норма беше искористено доделеното овластување, со помош на внатрешното обезбедување да се обезбедат услови за работа на законодавниот дом, да се воспостави ред. Откако, речиси целата пратеничка група на СДСМ нагрна кон мене, еден нивен пратеник ми ги одзеде списите за водење на седницата, друг го скрши микрофонот, трет го онеспособи мониторот и инсталациите, четврт почна да се качува на работната маса, некој упатуваше закани кон мене, а друг поттикнуваше мое физичко отстранување…“, вели Вељаноски.
По овој физички напад во толпа, обезбедувањето проценило дека му е загрозена личната безбедност и го извлекла од салата.
„Како што и е познато на јавноста, истиот момент после тоа, претседателското место во Собранието беше узурпирано од колегата-пратеник Горан Минчев заедно со другите пратеници од СДСМ кои беа околу претседателскиот пулт, како и околу говорницата“, вели Вељаноски.
Претседателот на Собранието вели дека на крајот на денот мора да победи редот и поредокот, да се покаже дека државата функционира и дека нема да дозволи никому, да си поигрува со институциите и да ги турка граѓаните едни против други.
„Сите ние во суштина сме еднакви, без оглед дали сме пратеници или кој било друг, никој не може да се постави над сите и да диктира што да се прави“, додава Вељаноски.
Тој уште еднаш изрази жалење за тоа што новинарите беа исфрлени од галеријата, но вели дека тоа било направено заради избегнување поголем инцидент.
„Собранието на Република Македонија како институција секогаш било максимално транспарентно за што сведочат сите релевантни фактори. Во овој дел, јас лично, како претседател секогаш сум се заземал и ќе се заземам за отворен и пред се професионален однос кон новинарите и медиумите. Сепак, околностите кои се создадоа, а во согласност со член 43 од Законот на Собранието претпоставуваа мое барање упатено до собраниското обезбедување за обезбедување на редовен тек на седницата. Во оваа смисла, тие ги планираат и преземаат потребните мерки. Да потсетам дека на почетокот, новинарите беа присутни на галеријата од пленарната сала. Откако се случи првиот инцидент, кога и јас како претседател на Собрание бев нападнат, кога беше уништена и техниката, а обезбедувањето мораше да ме извлекува од пленарната сала, проценка било на надлежното собраниско обезбедување, имајќи во предвид дека галеријата е во суштина дел од пленарната сала бидејќи истата е надвисната над пленарната сала да се испразни за да се избегне случување на некој поголем инцидент“, вели Вељаноски./крај/МИА/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

