Македонија
30 години работев во новинарската фела и јавно прашувам колку новинари, мои колеги, имаат дозвола за оружје, прашува Стоилковски
Тоа што СДС, ДУИ и останатите нивни полуги го прават со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу преставува една грда и црна кампања, но и хајка која што е дел од едно поголемо сценарио кое што треба да биде замена на немањето на програма на овие избори и да се прикрие нивната акутна неспособност која граѓаните ја знаат и ја чувствуваат, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фуркан Салиу не е приведен затоа што е Албанец или Македонец, затоа што е православен или муслиман, затоа што е новинар или работник, затоа што е од ДУИ, од СДС или пак нема политичка партија, приведен е затоа што попречил и нападнал службени лица од Министерството за внатрешни работи и незаконски чувал огнено оружје во својот автомобил со наполнета рамка куршуми. Прашањето овој пат не е дали тој имал дозвола за огнено оружје, туку фактот што, според информациите од МВР, незаконски го носел со наполнета рамка во своето возило, што е во целосна спротивност со законот“, додава Стоилковски.
Како што посочува Стоилковски, и самиот Фуркан Салиу вчера јавно признал дека поседувал оружје, и дека со своето однесување допринел за ескалација на настаните.
„Јас Наум Стоилковски 30 години работев во новинарската фела, и јавно прашувам колку новинари, мои колеги имаат дозвола за оружје, и незаконски го носат на настани каде што има висока тензија и ризик. Самата СДС и Оливер Спасовски во минатото велеа дека нападот врз полицајци е напад врз државата. Зарем МВР требаше да премолчи на инцидентот и јавноста да ја убедува дека полицајците кои вчера беа повредени се удриле во ПАЈАК возило, како што тоа го правеа кога Спасовски за да го прикрие инцидентот кога функционер на ДУИ тепаше полицаец изјавуваше во јавност. Секој од вас нека се запраша како ќе поминеше секој друг граѓанин кој што ќе нападне полицаец и кој што нема да се повикува на хистеријата креирана од ДУИ и СДС“, истакнува Стоилковски и додава:
„ ВМРО-ДПМНЕ прва побара да се почитуваат сите права и слободи на новинарите и сите институции тоа да го земат во предвид. Но немаме намера ниту да оправдуваме, ниту да браниме случај каде се нападнати полицајци. Ако се збори пак за некакви задни намери, тогаш објективно овој инцидент најмалку му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и самата хистерија на оваа тема говори дека СДС одработува поголемо сценарио за да го сврти вниманието во кампањата од реалните теми, а тоа е како да го направи животот на граѓаните подобар и да се смени неспособната и криминална власт“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.
Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.
„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.
Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

