Македонија
Увид во Избирачкиот список се овозможува од сабота
Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека jaвниот увид во Избирачкиот список ќе се одвива во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Увидот започнува на во сабота 26 јануари 2013 година и трае до 9 февруари 2013 година.
Гласачите можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден во периодот од 8.30 до 19.00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список.
ДИК ги повикува сите полнолетни граѓани кои по 11 јануари 2013 година, извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија заради проверка и впишување во Избирачкиот список за време додека трае јавниот увид.
Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.
Гласачите проверката можат да ја вршат и по електронски пат преку ВЕБ страницата на Државната изборна комисија: www.sec.mk во делот Избирачки список./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

