Македонија
Трибина за предлогот на Иванов за утврдување на настаните во Собранието
Во организација на Институтот „Павел Шатев“ во среда во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи трибина на која ќе се дебатира за предлогот на Претседателот Ѓорге Иванов за формирање комисија за расветлување на собраниските настани
На дебатата со поднаслов „Кој, што и зошто има да сокрие? Поглед на општата политичка состојба“, која ќе започне во 11 часот учесници ќе бидат проф-др Тања Kаракамишева-Јовановска,проф-др Димитар Мирчев, Сашо Клековски, политички аналитичар и Мирка Велиновска, новинар-аналитичар.
Претседателот Ѓорге Иванов во неделата поведе иницијатива за формирање на објективна непартиска Експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието но и за настаните кои претходеа. Писмото со иницијативата на претседателот Иванов е испратено до Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, до Претседателот на Владата,Никола Груевски и до Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски. Според предлагаот во комисијата да членуваат уште пет експерти, еден предложен од мене, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт, без право на глас, коj би бил предложен од претседателот на Собранието.
Експресно истиот ден лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски, го одби предлогот на Иванов оценувајќи го како „уште еден обид на актуелната власт да се одложи соочувањето со сопствената одговорност“. Посочи дека „ниеден политички договорен субјект не смее да стане соучесник во очигледното сценарио, според кое настаните пред и за време на 24-ти декември, треба да се претстават во поинакво светло“ и дека политичките фактори во земјата не смеат да дозволат да се повторат ваквите настани.
Премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја прифати иницијативата на претседателот Ѓорге Иванов за независна експертска комисија за испитување на случувањата од 24-ти декември, во и надвор од Собранието, но без присуство на претставници на меѓународната заедница. И покрај забелешките дека учеството на странски претставник не ја легитимира земјата како суверена и самостојна, Груевски во писмениот одговор до шефот на државата истакна дека го прифаќа предлогот сакајќи да покаже конструктивност и отвореност и „гледајќи ја улогата на меѓународната заедница од аспект на нејзината поддршка на интегративните процеси, а нејзиното учество во комисијата како извесен мониторинг на случувањата“.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски го прифати предлогот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за формирање на независната експертска комисија за околностите и настаните кои се случија на 24-ти декември, потенцирајќи ја својата убеденост дека Република Македонија „има политички и парламентарен капацитет да ги надмине сите политички несогласувања“.
Во понеделникот и Европската комисија ја поддржа иницијативата на претседателот Иванов за формирање комисија што ќе ги разгледа настаните од 24-ти декември и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ внимателно да го разгледаат предлогот.
„ЕК целосно ја поддржува иницијативата и ги повикуваме двете страни внимателно да ја разгледаат, бидејќи мислиме дека е многу важно да се истражат и анализираат настаните што претходеа, што донесоа и следеа по настаните во и околу Парламентот тој ден. Ние сметаме дека работата на таквата комисија треба да биде независна, непристрасна и базирана на европските стандарди, земајќи предвид меѓународна експертиза за она што ќе го констатира за тоа да биде објективно“, изјави Петер Стано, портпарол во ЕК./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

