Македонија
Македонски пошти не откриваат колку осигурителни компании се пријавиле на тендерот

Денеска истече рокот за доставување на понудите за избор на осигурителна компанија на Македонски пошти откако изгоре дел од главната зграда во центарот на Скопје.
Од Македонски пошти не откриваат колку осигурителни компании се пријавиле, но велат дека има заинтересирани. Сега комисија ги оценува понудите.
На 15 јануари избувна голем пожар во главната зграда на Македонски пошти во којшто изгоре покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат, но и муралите на Борко Лазевски.
Се уште не се знае точната причина поради којашто избувна пожарот, директорот на Македонски пошти претпоставуваше дека имало спој на електрични жици. Но Од МВР се уште не ја соопштиле точната причина за пожарот.
Еден ден по пожарот Алити откри дека поштата не била осигурена, но тогаш тврдеше дека тендерот е распишан, но уште не е завршен. Тогаш Алити изјави дека тендерот ќе важи ретроактивно и дека осигурителната компанија којашто ќе го добие тендерот ќе треба да ја надоместат штетата од пожарот.
Но тендерот беше распишан три дена по пожарот, а рокот за доставување на понудите беше до денеска./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.