Македонија
Како независни ќе учествуваат 29 кандидати на локалните избори
Дури 29 независни кандидати за градоначалници ги собрале потписите за учество на локалните избори на 24 март, соопшти во понеделникот Државната изборна комисија (ДИК).
До истекот на рокот, во саботата, покрај овие, доволен број потписи доставиле и 95 кандидатски листи.
Најголем број независни кандидати, – тројца, има во Кавадарци, а најмногу независни листи, дури 15 – има во Македонски Брод.
За градоначланик на Ресен, како независен кандидат е кандидиратжн поранешнито висок државен и партиски функционер на опозицискиот СДСМ – Димитар Бузлевски, за Могила – Љубе Простиженовски и Стево Пивковски, за Битола – Зоран Лазаровски – Паљо и Јорго Огненовски, за Кавадарци – Зоранчо Бојковски, Борис Давидов и Панчо Минов, за Чашка – Дејан Андоновски, за Зелениково – Борче Гиевски, Петровец – Бошко Дилберовски, за Арачиново – Бастри Бајрами, за Чучер Сандево – Јован Пејковски и Киро Кирковиќ, за Чаир – Бесник Телаи, за Лозово – Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков, за Свети Николе – Ристе Андонов, за Карбинци – Горан Паунов, за Конче – Силвана Спасова, за Центар Жупа – Мазлум Хасан, за Дебар – Ибраим Колари, за Вевчани – Васил Радиноски, за Струга – Витомир Велковски, за Дебарца – Зоран Новаковски, за Старо Нагоричане – Горан Стојановски, за Куманово – Виктор Цветковски, Делчево – Зоран Македонски.
Сите кандидати кои го собрале доволниот број на потписи имаат рок до 16-ти февруари и да достават официјална кандидатура, заедно со посебна сметка прекукоја ќе ги финансира изборните кативности./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

