Македонија
Џафери: Ќе придонесуваме за безбеден Авганистан и по 2014 година
Република Македонија дава долгорочен и активен придонес во рамките на силите ИСАФ, во изградбата на безбедноста и севкупниот развој на Авганистан и ние подготвено ќе учествуваме во транзицијата на одговорноста за безбедноста на Авганистан во рацете на авганистанскиот народ.
Ова го истакна министерот за одбрана Талат Џафери во денешното обраќање на состанокот на министрите за одбрана на НАТО-земјите со министрите за одбрана на земјите-учеснички во силите ИСАФ, во седиштето на Алијансата во Брисел.
„Ние остануваме доследни на девизата на НАТО, ‘заедно внатре – заедно надвор’ и дека и по 2014 година ќе продолжиме да придонесуваме кон остварувањето на заедничката цел – безбеден, демократски и просперитетен Авганистан”.
Дополнително, на маргините на состанокот, министерот Џафери оствари поголем број билатерални средби со министри за одбрана на земји-членки и земји-партнери на Алијансата, меѓу кои и со секретарот за одбрана на САД (во заминување), Леон Панета, со заменикот генерален секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу и со командантот на Здружената врховна команда за Европа, адмиралот Џејмс Ставридис.
Во моментов во силите ИСАФ во Авганистан, Република Македонија учествува со 158 мировници распоредени на должност обезбедување на главната команда во Кабул, како и во составот на мешовитиот тим за обука на Авганистанската национална армија. Досега во рамките на ИСАФ учествувале над 2.100 припадници на Армијата на Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.
Македонија
Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.

