Македонија
Висока шпанска воена делегација во посета на Република Македонија и АРМ
Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Кралството Шпанија, предводена од Началникот на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез, од четврток престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ.
Ова е прва официјална посета на АРМ од страна на еден Началник на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, на која покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, ќе се разговара и за искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ и за трансформацијата на АРМ.
Билатералната соработка на полето на одбраната со Кралството Шпанија официјално е воспотавена во октомври 2009 година, со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу министерствата за одбрана.
Во изминативе две години, соработката на АРМ со ВС на Кралството Шпанија се одвива на полето на военото образование и јазичната обука, обуката на клучни специјалности пред упатување во мисијата ИСАФ во Авганистан, како и обука за проверка на воздухопловни радионавигациски уреди. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

