Македонија
Прв регионален состанок на Работната група за управувањето со ризик во царинското работење

Царинската управа на Република Македонија во четврток организираше Прв регионален состанок на Работната група за управувањето со ризик во царинското работење.
На состанокот присуствуваат претставници од Царинските управи на ЦЕФТА земјите (Република Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора), Меѓународната фианансиска корпорација и Секретаријатот на ЦЕФТА.
„Состанокот претставува придонес кон потребата за забрзување на трговијaта во регионот преку примена на мерки за подобрување на управувањето со ризикот на регионално ниво, при прегледот на стока во царинските постапки. Усвојувањето на концептот на работењето и работната програма на оваа група беа основите теми состанокот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уште четворица пациенти од Македонија пристигнаа на ВМА во Белград

Четворица пациенти од Северна Македонија кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани штотуку пристигнаа на ВМА во Белград.
Како што објави српски Телеграф, пациентите се во стабилна состојба.
Станува збор за три девојки и едно 22-годишно момче. Тие се препратени на клиника за пластична хирургија.
59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
„Во чест на загинатите да се поделат црни ленти“ – Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре низ цела Македонија

Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре во 18 часот, на плоштадите низ триторијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела.
Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха.
„Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18 часот да се соберат на плоштадите во своите градови и да не поминуваат низ овва сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени“, велат од здружението.
Се додава и дека локацијата за Скопје е одреден на Градскиот плоштад за да не се блокираат улици по кои се превезуваат повредените од трагедијата.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на ДНК бендот и полицаец којшто бил на должност. Повредени се над 100 луѓе кои се хоспитализирани во Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција, Хрватска.
Македонија
„Скршен од тага“: Роберт Билбилов сподели фотографии со Андреј од „ДНК“

Продуцентот и музичар Роберт Билбилов објави фотографии со Андреј од „ДНК“ и само кратко напиша „Скршен од тага“.
Во големиот пожар што се случи вчера во Кочани загинаа 59 луѓе, а над 150 се повредени.