Македонија
Специјалците на АРМ им оддадоа почит на убиените колеги кај Вејце

Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денес со пригодни активности им оддаде почит на четворицата поранешни припадници на пСО кои на 28-ми април во 2001 година ги загубија животите кај Вејце.
Во чест на загинатите Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, на спомен обележјето пред баталјонот за специјални намени во касарната ,,Илинден” во Скопје, венци со свежо цвеќе положија делегации на МО и ГШ на АРМ предводени од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, семејствата на загинатите припадници на пСО, делегации од пСО, единиците на АРМ кои се лоцирани во касарната ,,Илинден”, МВР и други.
Во текот на денот, на плоштадот во Македонска Каменица, пред спомен обележјето на Миле Јаневски и основното училиште кое го носи неговото име, припадниците на баталјонот за специјални намени од пСО ќе организираат тактичко-технички збор со приказ на дел од техниката и опремата со која располага единицата. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.
Македонија
„Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност…“: Калиопи потресно се прости од Андреј

Популарната македонска пејачка Калиопи со потресни зборови се прости од Андреј Ѓорѓиески, член на бендот „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотека во Кочани.
Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.
„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша таа.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и силен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во вечерните и ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.