Македонија
Во вторник жолта фаза во Македонија

Целата територија на Македонија се очекува во вторник да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертната фаза, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Високи температури се очекуваат до крајот на неделава.
Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да ги општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат:
– 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани
– 2 јавни обвинители од ОЈО Штип
– 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје
Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација, извести Обвинителството.
Увидот на лице место денеска продолжува.
Македонија
Позната е состојбата на повредените во Кочани кои се пренесени во ВМА во Белград

Српските лекарски екипи згрижија повеќе од десет лица кои се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија беа пренесени во болниците во Белград, а сместени се во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.
Како што објави Телеграф.рс, сите пациенти примени на ВМА се во шок собата. Пет од нив биле интубирани. Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.
Младите мажи се на возраст меѓу 18 до 27 години, а изгорениците зафатиле и до 30 отсто од површината на нивната кожа. Девојката која е префрлена на ВМА има 18 години и има изгореници кои покриваат 24 отсто од нејзината кожа.
59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на својот син, загина во страшниот пожар

Најмалку 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарот се проширил на таванот и покривот на дискотеката, кој брзо изгорел. Публиката на концертот кој започна на полноќ беше претежно млада. Меѓу загинатите има и тројца малолетници, додека 22 лица се во критична состојба. Најмладата жртва имала само 14 години. Во врска со трагедијата досега се приведени неколку лица.
Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од жртвите. Неговите пријатели велат дека во саботата излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот. Богданов, кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата која, според неофицијални информации, пред неколку дена го родила нивното дете.
„Тоше имаше син и излезе со пријателите да го прослави раѓањето на детето. Сакаше да ги почести и отиде во диско, а сега го нема“, рекол извор близок до семејството.