Македонија
Левичарските здруженија на протест, синдикатот на прес-конференција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/2a2d3bba-b8de-4434-bd1f-10ced6484e05.jpeg)
Левичарското движење „Солидарност“ и здружението „Ленка“ во среда на Меѓунардониот ден на трудот 1-ви Мај организираа протест во центарот на Скопје со барање да им се вратат правата на работниците и реално да се вреднува нивниот труд и го обвинија Сојузот на синдикатите на Македонија дека е неактивен.
Ним им се придружи и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
ССМ пак организираше прес – конференција на којашто истакна дека и во услови на криза нема намалување на плати, ниту посериозни отпуштања а не била променета ниту старосната граница за пензионирање.
Од Конфедерацијата на слободни синдикати пак велат дека работниците од приватниот сектор се уште се лошо организирани и овој ден го одбележаа работно со информирање на членството за правата на работниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
ЈП Комунална хигиена го демантира Герасимовски: Секојдневно го собираме и транспортираме комуналниот отпад без никаков застој
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-10-164159.jpg)
ЈП Комунална хигиена-Скопје ја демантира изјавата на градоначалникот на општината Центар, каде што се наведени невистинити информации поврзани со активностите на Претпријатието во оваа скопска општина за време на изминатиов викенд.
@Би сакале да напоменеме дека на територијата на општината Центар, ЈП Комунална хигиена Скопје секојдневно го собира и транспортира комуналниот отпад без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Оваа динамика беше запазена и во текот на викендов на територијата на целата општина Центар, вклучително и на локацијата околу градинката „13 Ноември“ во населбата Дебар Маало, за којашто градоначалникот Герасимовски тврди дека ја исчистиле неговите општински служби.
Од друга страна, секое одлагање отпад надвор од контејнерите претставува кршење на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции.
Би сакале да го потсетиме Герасимовски и дека улиците зад ООУ „Песталоци“ се општински улици што исто така спаѓаат во надлежност токму на општина Центар, така што навистина сме зачудени зошто градоначалникот во својата изјава нагласува дека викендов на оваа локација реализирал отстранување на дива депонија, кога тоа е дел од неговите обврски и надлежности#.
ЈП Комунална хигиена Скопје, додаваат во соопштението, во текот на 2024 година отстрани вкупно 22 194 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје, од коишто значителен процент на непрописно одложен отпад е подигнат токму на територијата на општината Центар.
Го советуваат градоначалникот да се зафати со санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота и на тој начин да придонесе за одржувањето на хигиената во сопствената општина.
Герасимовски ја обвини ЈП „Комунална хигиена“ дека и викендов потфрлила и не ја завршила својата работа, оставајќи ја познатата локација кај „Круг“ во Дебар Маало затрупана со отпад.
Скопје
Општина Кисела Вода гради нова фонтана во паркчето „Срце“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/fontana-kisela-voda.jpg)
Во централното подрачје на општина Кисела Вода, во непосредна близина на Домот на култура „Билјана Беличанец“, се гради нова фонтана во паркчето „Срце“.
Оваа фонтана претставува естетско збогатување на просторот, кој е едно од најфреквентните места во општината, и ќе придонесе за поубав и попријатен амбиент за сите граѓани.
-Со изградбата на фонтаната во паркчето „Срце“ уште еднаш покажуваме дека вложуваме во подигнување на квалитетот на живот во секој дел од нашата општина. Создаваме убави, функционални и атрактивни јавни простори кои ќе бидат места на собирање, дружење и уживање за сите генерации. Овој проект е дел од нашите напори за модернизација и разубавување на општината, а во периодот што следува, продолжуваме со поставување на нова урбана опрема, која ќе ја направи Кисела Вода поубаво место за живеење- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/thumbnail_5-1.jpg)
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од заменик министерката Ане Лашкоска беше во работна посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев направија обиколка на локацијата на која се гради фекална канализација во с. Мустафино, во должина од 8 километри.
Проектот за изградба на фекалната канализација во с. Мустафино е повеќегодишен и е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое има склучено Договор во вредност од 32.5 милиони денари за изведба и Договор во вредност од 165 илјади денари за вршење на стручен технички надзор.
„Она што сакам да го истакнам е дека проектот се реализира и побрзо од предвидената динамика. Степенот на реализација на градежните работи изнесува 82 проценти од целокупниот проект“ изјави министерот Меџити и информираше дека во оваа општина и преку Европската инвестициска банка ќе се инвестираат средства во водоводната инфраструктура. Инвестициите се во висина од над 738 илјади евра за проектите: изградба на фекална канализација с. Кадрифаково, фекална канализација с. Сопот, водоводна мрежа во место викано “Мало Стопанство” и реконструкција на водоводна мрежа на дел од улиците Кумановска и Ќиќевачка.
Градоначалникот Дејан Владев се заблагодари на огромната помош добиена како од министерството така и од Владата, а информира дека општина Свети Николе на новиот повик од Владата ќе аплицира со проект за водоводна мрежа во м.в. Кнежевски пат, со што ова општина трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе обезбеди современи услови за живот на населението.
Тој најваи дека изведбените работи за фекалната канализација во с. Мустафино се очекува да завршат до мај/јуни годинава.