Македонија
Сто и десет години од смртта на Делчев

Република Македонија денеска одбележува 110 години од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.
По тој повод во организација на Собранието на меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, високи државни и градски делегации ќе положат цвеќиња на неговиот гроб во црквата Св. Спас и на спомениците на Плоштадот Македонија и во Градскиот парк.Цвеќиња ќе положи и официјална делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.Гоце Делчев беше убиен на 4 мај 1903 година, во борба со турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права за сиромашното население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, гори уште на 14 места

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири под контрола и 11 изгаснати.
Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки, Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума),Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација), Битола – с. Велушина (ниска вегетација), Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација), Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума), Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума), Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште), Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација).
Пожарите кај Македонски Брод 1 – с. Грешница, Македонски Брод 2 – с. Латово, Карбинци – с. Јунузлија и кај Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња се ставени под контрола.
Македонија
Алиу ветува 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв

Верувам дека здравството е повеќе од систем. Тоа е нераскинливо морално ветувањето што си го даваме едни на други: дека кога најмногу ни треба, ќе има некој тука за нас“, порачува во видео обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. Без носталгија, со податоци и храброст.
-Визијата станува реалност со голем прв чекор: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв, вели министерот Алиу, додавајќи дека во Штип ќе се гради модерна клиничка установа и Факултет за медицина за идните генерации лекари.
-Во Тетово, болницата ќе добие современа медицинска опрема и два нови објекти, со што ќе прерасне во симбол на грижа и достоинство. Во Кичево, каде што болницата остана нереализирано ветување од минатиот век, од темел ќе градиме нова, светла, топла и достојна за секој од вас, вели министерот Алиу.
Тој истакнува дека ова е само почеток, бидејќи хоризонтот на неговата визија е многу подалеку.
-Да изградиме модерно, хумано и дигитализирано здравство. Ние не сме тука да чекориме по патеки од минатото кои не водат никаде, ние сме овде да градиме доверба за идните генерации. И заедно со вас, ќе ја направиме оваа визија реалност, порачува министерот за здравство, Азир Алиу во неговото видео обраќање.
Македонија
И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, се на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.
Според првичните проценки, опожарена е површина од околу сто хектари борова шума.
– Непристапниот терен и ветерот се главната причина што речиси и по триесет часа откако избувнал пожарот,да не можеме да го локализираме. Денес моравме да евакуираме и население и стока за да ги спасиме, за среќа спречивме ширењето да се направи кон куќите, но во овој пожар во повеќе наврати животите на пожарникарите,на моите колеги и на другите вклучени во гасењето, беа во опасност поради неконтролирано ширење и префрлање на пламените јазици. За жал дождот го заобиколи селото и не беше баш сојузник, така што, сѐуште сме на терен и очекуваме во секој момент да пристигнат и армиските сили за помош во справувањето со огнената стихија, изјави во телефонски разговор командирот на ТППЕ Крива Паланка, Коцевски.
Пожарот избувнал вчера околу пладне, а во ТППЕ Крива Паланка е пријавен во 14 часот.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта пожарот активно го гаселе пожарникарите од Крива Паланка и Ранковце, Противпожарна единица од Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.