Македонија
Започнува Третата светска конференција за меѓурелигиски дијалог, ИВЗ ја бојкотира
Вкупно 110 и 150 домашни гости во петок и сабота ќе учествуваат на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Скопје.
За конференцијата имало голем одзив и се очекуваат претставници од сите континенети.
На настанот биле поканети сите помесни православни цркви, но засега нема одзив од Српската православна црква и грчката црква.
„МПЦ тоа го коментира според евангелската парабола: „Гостите се поканети, а кој милува и сака, се отповикува“, рече Митрополитот хераклејски Климент.
Се очекува делегација од Руската православна црква предводена од митрополитот Теодосиј. Од православниот свет е најавено учество на професори од богословски факултети од Сибиу и Букурешт, како и од Софија и од Косовска Митровица.
Од исламската религија ќе има 14 претставници, верски претставници ќе има од Исламската верска заедница од Белград и имами од Америка, како и теолози и професори за религија од повеќе земји, Египет, Иран, Турција, Косово.
Исламската верска заедница од Македонија ќе ја бојкотира конференцијата. Од ИВЗ велат дека на трпението му дошол крајот и затоа ИВЗ не може да чека за да се решат прашањата акумулирани со години како што се Чарши џамија во Прилеп, џамијата во Лажец, крстовите над саат кулите во Прилеп и Битола, како и недоделување на земјиштето за изградба на џамија во центарот на Скопје како дел од проектот 2014-та.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи го добила известувањето во средата.
„Жалиме што ИВЗ нема да учествува на конференцијата и сметаме дека со интернационализирање на локален проблем го нарушува угледот на државата и на самата Исламска верска заедница“, рече претседателката на Комисијата Валентина Божиновска.
Конференцијата попладне ќе ја отворат премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и Божиновска.
Тема на конференцијата е „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“, а со неа ќе бидат одбележани три јубилеи: 1700 години од Миланскиот едикт – добивање слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир, инициран од покојниот претседател Борис Трајковски во 2003 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

