Македонија
Министерот Ивановски на Светски самит за информатичко општество во Женева
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во понеделник учествува на Форумот на Светскиот самит за информатичко општество 2013, кој се одржува во Женева, Швајцарија.
Тој имаше обраќање на утринската сесија на министрите, на којашто зборуваше за дигиталната дивиденда.
Во текот на денот министерот Ивановски ќе учествува на панел дискусијата “Подобрување на образованието со Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ)”, чиј модератор беше Џон Дејвис , потпретседател на Светската напредна програма Интел.
Министерот Ивановски, исто така, ќе оствари средба и со извршниот директор на интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде.
Во наредните денови Форумот на Светскиот самит на информатичкото општество ќе се фокусира на иднината на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). Учесниците ќе се вклучат во дискусии за голем број на различни теми, како што се ИКТ инфраструктурата, сајбер безбедноста, е-учење, е-здравство, е-земјоделство, медиумите, пристапноста и етиката.
Владините министри и претставниците од бизнис и граѓанскиот сектор ќе разговараат за: овластувањата за жените во информатичкото општество, следењето на климатските промени, ИКТ иновациите и стандардите, обезбедување на сајбер-просторот во светот без граници и младите и информатичко-комуникациските технологии. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

