Македонија
Началникот на ГШ на АРМ на конференција на Воениот комитет на НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/014c43a7-3f61-4ab7-9dd0-8e66149a7366.jpeg)
Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески во вторник ќе учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
Во понеделникот генералот Котески присуствуваше на официјалната церемонија за примопредавање на должноста Командант на Врховната команда на силите на НАТО во Европа (SACEUR) помеѓу досегашниот командант, адмиралот Џејмс Ставридис и генералот Филип Бридлав која ќе се одржи во седиштето на оваа команда во Монс.
Во фокусот на средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе бидат прашањата за разгледувањето на понудените информации за досегашниот развој на состојбите и извршувањето на плановите и задачите во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан.
На конференцијата ќе стане збор и за влијанието на мисијата ИСАФ на регионалната безбедност. Во вториот дел од конференцијата ќе се разгледува извршувањето на мисијата КФОР на Косово и развојот на ситуацијата во контекст на новите политички односи помеѓу Белград и Приштина. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/Јована-Мојсоска-scaled-1.jpg)
Пратеничката од редовите на Левица на социјалните мрежи обзнани дека на Артан Груби државата му плаќала обезбедување што води до небулози кои според неа укажуваат на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер:
„Во одговор на пратеничко прашање, министерот Тошковски потврди дека државата му плаќала и обезбедување на Артан Груби, кој веќе неколку месеци е во бегство. Во одговорот на министерот Тошковски, се наведува дека решението за обезбедување на Груби го потпишал тогашниот министер Назим Буши, и тоа на 13 јуни 2024 година. Односно, само две недели пред да се конституира новата влада.
Нејасно е зошто министерот Тошковски не го отповикал ова решение за обезбедување на Артан Груби, ниту пак преиспитал дали постои висок ризик на опасност по животот на Груби, за што државата троши средства за негово лично обезбедување?! Со други зборови, криминалецот Груби не само што ја цицал државата додека бил на функција, туку и кога му престанала функцијата продолжил да користи лично обезбедување од МВР, платено од власта на ДПМНЕ. И најважното прашање за крај:
Доколку во моментот на бегство за Груби веќе била иницирана постапка и бил ставен на STOP листа, зошто обезбедувањето од МВР не реагирало кога Груби ги известил дека ја напушта државата?! Груби во неговата последна објава наведува дека го известил своето лично обезбедување пред да ја напушти државата. Зошто обезбедувањето не реагирало, како што не реагирал и службеникот на граничниот премин, води само кон тоа на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер” – напиша Мојсоска на Фејсбук.
Скопје
Почна акцијата за подигање хаварисани возила во Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/9-4.jpg)
Секторот инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач „Греен Роад“, денеска ја започна долго најавуваната акција за отстранување на отпадни (хаварисани) возила на територија на локалната самоуправа, кои воедно претставуваат и опасност по животната околина во која живеат карпошани.
Во таа насока инспекциските служби од Општина Карпош ги мапираа старите (хаварисани) возила, означувајќи ги со налепници на кои беше напишано известување до нивните сопственици, дека во рок од 10 дена се должни да го отстранат отпадното возило. Оттука, доколку тие не го отстранат возилото, инспекторите преку добиени информации од МВР доставуваат записник за идентификација и Решение за опомена со рок од пет дена да се отстрани возилото. Доколку и по тој рок не се реагира, колективниот постапувач го подига возилото.
Акцијата ја поздрави и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој истакна дека оваа иницијатива ја поддржуваат голем дел од граѓаните на локалната самоуправа.
-Општина Карпош ја води акцијата за расчистување на хаварисаните возила на нашата територија за која мораме да спроведеме соодветна постапка. Во оваа пригода апелирам до граѓаните, сите возила кои што не се регистрирани, кои што зафаќаат несоодветно место или да ги регистрираат и да ги возат, или пак истите возила ние ќе мора да ги отстраниме. Постапката е таква да ги однесеме на соодветно место надвор од паркинг просторот каде што се тие, таму да чекаме отприлика 30-тина дена и потоа да видиме дали граѓаните ќе се интересираат за тоа возило или ќе треба да се спроведуваат нови постапки во кое што на крај возилото ќе оди на рециклирање. Не би сакале да имаме никакви немили настани нити пак непријатни разговори со граѓаните, но тие мора да водат сметка дека едно возило кое со години стои на едно место тоа практично ги оневозможува останатите граѓани да можат да го користат тој паркинг простор – објасни Јакимовски
Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени седум дена, а потоа ќе бидат однесени на рециклирање. Акцијата започна денеска од населбата Карпош 1 и ќе се одвива етапно, односно по отстранување на возилата во една урбана заедница ќе се продолжи во следната.
Инаку, во текот на месец декември и јануари, се мапирани 50 отпадни возила на територија на У.З. Карпош 1 и до денес се отстранети вкупно 35, додека за 11 возила се води инспекциска постапка. По истекот на роковите дадени во Решенијата за опомена ќе бидат подигнати и преостанатите возила, а оваа иницијатива предизвика голем интерес кај сопствениците за самоиницијативно отстранување на отпадните возила. Акцијата ќе трае до конечно отстранување на сите отпадни возила од територијата на Општина Карпош.
Скопје
Герасимовски се сретна со 8 стипендистки од Центар: Инвестираме во поквалитетни генерации, поздравена мерката за настава без мобилни телефони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/8-5.jpg)
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретна со 8 стипендистки од осум основни училишта во Центар по повод одбележување на Меѓународниот ден на жените и девојчињата во науката, 11 февруари.
На средбата, Герасимовски и стипендиските разговараа за постигнувањата во природните науки, за образованието, но и за препораките за некористење на мобилни телефони за време на настава.
„Чест ми е што денеска имав можност да ве запознаам и да поразговарам, со дел од вас се знаеме, добитнички сте на највисоката наградата „Феникс“ на Општината во делот на науката. Вие сте нашите стипендистки, нашата иднина и гордост во државата и ние како локална самоуправа ќе инвестираме во вашето знаење и во што поквалитетни генерации. Огромна благодарност до наставниот кадар за сето она што го работат, за целиот труд и посветеност кон вас учениците, што придонесуваат од овие училишни клупи да излезат што поквалитетни и подобри генерации. Бидете упорни, вложувајте во себе, правете го тоа што го сакате, јас сум сигурен дека ќе успеете во соновите што ги сонувате“, рече Герасимовски.
Наставниот кадар и учениците, ја поздравија мерката за одземање на мобилните телефони за време на наставата. Тие потенцираат дека учениците се пофокусирани и активни на часовите. Општина Центар е првата општина во државата што препорача да не се употребуваат мобилни телефони за време на наставниот процес.