Македонија
ЗНМ: Сензацијата да не биде пред човековата трагедија и болка
Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) остро реагира на објавувањето на фотографиите на кои се гледа безживотното тело на човек како виси на дрво во паркот наспроти зградата на Нова Македонија во Скопје, трагичен настан што се случи (е објавен) денеска.
Фотографиите се појавија на повеќе портали и на веб-изданијата на најголем дел од пишаните и елктронски медиуми. Дури е објавен и идентитетот на жрвтвата (не е почитувана приватноста на жртвата ниту на неговото семејство).
„Иако дел од медиумите потенцирале дека станува збор за вознемирувачки фотографии, Советот на честа смета дека е прекршен Кодексот на новинарите и дека е постапено крајно неетички и непрофесионално. Јавноста е ужасната, предизвикана е вознемиреност. Не е почитувана семејната и лична болка, со цел да се дојде до сензационализам (прекршени се членовите 7 и 8 од Кодексот на новинарите)“, се вели во реакцијата на Советот на честа на ЗНМ.
Од таму ги повикуваат новинарите на совесно и одговорно однесување.
„Да се искаже почит кон семејството на настраданиот. Станува збор за лични трагедии. Нема никаков јавен интерес во објавувањето такви фотографии. Сензацијата да не биде пред човековата трагедија и болка“, се вели во реакцијата. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

