Македонија
Претседателот Иванов се сретна со раководствата на универзитетите во земјата
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во понеделник се сретна со раководствата на универзитетите во Република Македонија.
На средбата присуствуваа проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Арбер Челику, проректор на Државниот универзитет во Тетово, проф. д-р Замир Дика, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Саша Митрев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Сашо Атанасоски, проректор на Универзитетот „Климент Охридски“- Битола и проф. д-р Братислав Станковиќ, проректор на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ – Охрид.
На средбата беа разгледани ставовите, забелешките, впечатоците и предлозите за унапредување на системот на студии, кои беа изнесени од студентите со највисок просек на студии од универзитетите во Република Македонија на шестте средби кои претседателот Иванов ги оствaри во периодот од март 2012 до април 2013 година, во рамки на својата програма и политика на дејност кон младите и студентите.
Претседателот Иванов порача дека универзитетите и студентите треба да се прилагодат на новото време, кое бара постојано надоградување на знаењата и вештините.
„Иднината на државата ни зависи од кадрите што излегуваат од универзитетите, посочи претседателот Иванов. Македонскиот претседател побара универзитетите да нудат решенија согласно тенденциите во општеството и согласно потребите на пазарот на трудот“, рече Иванов. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

