Контакт

Македонија

Министерот за одбрана на регионална конференција во Тирана

Објавено пред

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, во среда ќе учествува на регионалната конференција „Јадранско-јонски безбедносни предизвици“ која се одржува во Тирана, Република Албанија.

Конференцијата, на која свое учество имаат министри и заменици министри за одбрана од земјите од регионот, има за цел на едно место да овозможи размена на искуства и најдобри практики од земјите од регионот, во контекст на регионалната безбедност, како и да даде можност за утврдување на патиштата за засилена соработка и заеднички пристап кон развојот на регионот.

Учесниците на конференцијата своите гледишта, мислења и идеи ќе можат да ги претстават во две сесии посветени на „Перспективите на Западнобалканските земји во однос на јадранско-јонските безбедносни предизвици“ и на „Најдобрите практики и искуства на останатите региони и организации“. /крај/со/ст

Македонија

Пендаровски – Штајнмајер: Почетокот на преговорите позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на САД по повод неговото учество на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Македонскиот претседател упатил благодарност до претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција.

Претседателот Пендаровски нагласил дека градењето пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Република Северна Македонија.

„Во тој контекст соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека почнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот. Соговорниците разменија мислења и информации за последните случувања во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево, од вторник дожд

Објавено пред

Утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Објавено пред

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре во Скопје поради одржување на „Социо-еколошки форум Скопје 2021“, информира МВР.

„Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот што се одвива на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, се вели во информацијата од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија3 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија5 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа5 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа6 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ8 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија8 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија9 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет11 час

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија11 час

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет11 час

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија23 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет1 ден

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Досие