Македонија
ЗНМ: Зошто Кежаровски е приведен пет години по објавувањето на идентитетот на сведокот?
Здружението на новинарите на Македонија најостро реагира на непотребното демонстрирање на сила при приведувањето на новинарот од весникот „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски.
ЗНМ смета дека ваквиот начин на однесување на институциите е непропорционален за приведување на новинар осомничен за откривање на идентитет на заштитен сведок.
„Нејасно е зошто надлежните органи го приведуваат Кежаровски пет години по објавувањето на информацијата со која се открива идентитетот на заштитен сведок, кога сега не постои опасност да се предизвика штета за судскиот процес и кога сведокот повеќе нема таков статус. Тие што биле најодговорни да го сокријат идентитетот на заштитениот сведок потфрлиле во својата работа. Новинарот имал основано сомнение дека се работи за злоупотреба и затоа ја објавил информацијата со цел да заштити легитимен јавен интерес“, се вели во реакцијата на ЗНМ.
Од ЗНМ потенцираат дека новинарите се обврзани во нивната работа да водат сметка и за јавниот интерес.
„Во член 5 (пет) од Кодексот на новинарите на Македонија се вели: новинарот ќе ги почитува законите на државата, но нема да објави или да сокрие што и да е во спротивност со јавниот интерес. Ваква одредба постои во сите кодекси на новинари во развиените демократски земји во светот. Ако не постоеше ваквиот професионален стандард, тогаш новинарите немаше да можат да откријат ниедна злоупотреба на власта. Слободата на изразувањето во демократски земји е правило, а секое ограничување е исклучок“, се вели во соопштението. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

