Македонија
Денот на воздухопловната бригада одбележан со аеро митинг
Со голем аеро митинг, на кој покрај воздухопловите на Воздухопловната бригада свое учество имаа и воздухопловите на Центарот за обука на пилоти, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, во понеделник на воениот дел на аеродромот „Александар Велики“ беше одбележан Денот на воздухопловната бригада.
АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, и останатите високи претставници од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија рече дека Воздухопловната бригада на АРМ е достоен наследник на настанот од 10 јуни 1992 година, кога беше остварен и историскиот лет на првиот воздухоплов во рамките на АРМ и независна Македонија.
Реализираната мисија во Босна и Херцеговина, партнерските цели, модернизацијата на воздухопловите, декларираните единици, обуката и достигнувањето на стандардите на Алијансата, истакна полковникот Колевски, ја доведоа бригадата на ниво на компатибилност со останатите воздухопловни единици на НАТО.
Основната мисија на воздухопловната бригада е остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, учество во мировни мисии и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ, и ООН како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

