Македонија
Нова поддршка за Ердоган од турските НВО во Македонија
Претседателот на Сојузот на здруженијата на турските невладини организаци во Македонија, Тахсин Ибрахим во Дебар изјави дека невладиниот сектор на турската етничка заедница во Македонија „даде и ќе дава целосна подршка на политиката“ на премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Тој за време на отварањето на Клубот на здружението на турската невладина организација „Хасен Дебрели“ со седиште во Дебар, рече дека поддршката на турскиот премиер е непоколоеблива и силна.
„Граѓанскиот сектор на Турците во Македонија го поддржува на Ергодан заедно со другите структури во земјава и е против организаторите на протестите“, рече Ибрахим.
Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата на средбата изјави дека Турската агенција за развој ТИКА досега немала дадено ниту еден проект за Дебар, и оти денешниот настан е прв од таков вид..
Претседателот на Сојузот на здруженијата на Турците во Македонија се заблагодари на новиот градоначалник на Дебар, Ружди Лата за давањето поддршка за обезбедување на прстор за клубот на здружението и додаде дека верува дека во една ваква клима сега ќе има можности и за Дебар, Турската агенција за развој ТИКА да даде одредени проекти./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

