Македонија
Јанкулоска:Македонија рангирана рамо до рамо со најразвиените земји во борбата против трговија со луѓе
Македонија и Словенија се единствени земји од регионот рангирани во Прво ниво во борбата пртоив трговијата со луѓе, односно Македонија е единствена држава од земјите кандидати за членство во ЕУ која е рангирана рамо до рамо со најразвиените западни држави, изјави министерката за внатрешни работи на презентацијата на Извештајот на американскиот Стејт Депармтент посветен на глобалните состојби со трговијата со луѓе за 2012.
„Македонија во глобалниот Извештај во кој се опфатени 187 држави во светот и овојпат е во друштво со 31 земја кои се категоризирана во првата, односно во групата ТИЕР 1 – земји што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе заедно со САД, Велика Британија, Австралија, Австрија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Италија… Притоа, морам да истакнам дека ние заедно со Словенија сме единствените земји во ТИЕР 1 групата од поширокиот балкански регион, односно единствена држава од земјите кандидати за членство која еве со години по ред е рангирана рамо до рамо со најразвиените западни држави. За разлика од нас, на пример, Романија, Грција и Бугарија кои се членки на ЕУ, се во втората група држави, односно ТИЕР 2 – земји кои нецелосно ги исполнуваат минималните стандарди во борбата против трговијата со луѓе“, рече Јанкулоска.
Македонската полиција минатата година евидентирала четири кривични дела во сферата на трговија со луѓе, при што кривично се пријавени седум случаи. Во еден од тие случаи жртва е и малолетно лице.
Истовремено, според Јанкулоска, зголемени се активностите и во делот на криумчарењето на мигранти затоа што токму тие како специфична категорија на луѓе се и тоа како подложни особено на трудовата експлоатација и современото ропство.
„Така, лани за 44 проценти ја зголемивме реализацијата во откривањето на ваквите кривични дела во споредба со 2011 година, при што евидентиравме 39 кривични дела а пријавени беа 70 сторители на истите. Исто така, повеќе од двојно беше зголемен бројот на илегални мигранти – 415 во споредба со 173 во 2011 година, а од нив 396 беа сместени во Прифатниот центар за странци. Наедно документиравме криумчарење на уште 163 мигранти од афричките и азиските земји. За посебно нагласување е и фактот што изминатата година имавме за првпат регистрирано и машки лица, жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација“, додаде Јанкулоска.
Според најновиот Извештај на Стејт департментот на САД, Македонија повторно и во 2012 година, исто како и за 2011, 2008,2009 година е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави коишто целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе./крај/мф/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

