Македонија
МОФ собира петиција и претставки за екстерното оценување
Младински образовен форум (МОФ) започна да спроведува петиција за екстерното оценување оваа година да се прогласи за пилот. Петицијата, според нив, бил логичен чекор на реакција, како што велат, по сериозните пропусти во начинот на спроведување на екстерното тестирање, законските прекршувања и недоследности и нејасните цели на овој процес, од една страна и игнорирањето на проблемот од институциите, од друга страна.
МОФ ги повикува сите ученици, наставници, професори, родители и загрижени граѓани да се потпишат на петицијата и со тоа да упатат глас до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар да го прогласат екстерното тестирање оваа учебна година за пилот, да направат сериозна анализа на пропустите и ефектите, да отворат јавна дебата со засегнатите стран и да работат на негово подобрување со единствена цел – подобрување на образовниот процес и унапредување на перформансот и знаењето кај учениците и професорите, а не предизвикување страв.
Петицијата ќе се спроведува во тек на десет последователни денови, на фреквентни локации на отворен простор во 16 градови во Македонија: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Делчево, Гевгелија, Неготино и Штип.
Сите информации поврзани со локациите, термините и аргументацијата за петицијата се достапни на www.mof.mk/eksterno.
МОФ најавува и претставки по однос на законските прекршувања при имплементацијата на екстерното тестирање. Претставките ќе бидат доставени до Државниот управен инспекторат и Државниот просветен инспекторат, заради непочитување на законски предвидениот рок од седум дена за објавување на листите со предмети за полагање и неговото скратување на четири дена. Дополнтелна претставка ќе биде поднесена заради непочитување на предвидениот рок за поднесување приговори по однос на објавените резултати во износ од три дена и негово кратење на два дена. Со ваквите скратени рокови директно е предизвикана штета врз учениците, а прекршени се член 45-в од Законот за средно образование, член 72-а од Законот за основно образование и член 9 од Правилникот за спроведување на екстерното оценување. Очекуваме постапка од страна на надлежните инспекторати и поништување на тестирањата во сите училишта каде е прекршен законот.
Меѓу најсериозните пропусти и неуспеси на екстерното оцеување се вбројуваат и паѓањата на компутерскиот систем, пробиените тестови кои се ширеа преку социјалните медиуми, тестовите кои содржеа прашања од материјал кој не е предаден, прашањата кои не содржеа ни еден точен одговор, масовната појава на слаби оценки кај цели генерации по одредени предмети. Дополнително, институциите и предвидените процедури сеуште не даваат одговор за постапката во случај на негативна оценка (незадоволителен – 1), имајќи во предвид дека македонскиот образовен систем не дозволува впишување на ваква оценка во свидетелство.
МОФ ги повикува сите оштетени и загрижени ученици и граѓани да достават претставки и до Народниот правобранител на Република Македонија, за што ја нудиме нашата помош и упатување при подготовката на потребната аргументација и документација, а ќе ги разгледаме и можностите за предизвикување на законските уредувања на екстерното оценување пред Уставниот суд на Република Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

