Македонија
314 нови случаи на Ковид -19, починати се 27 лица
Во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје –143, Куманово – 30, Битола – 18, Велес – 16, Струмица – 15, Прилеп – 14, Штип и Охрид – по 9, Тетово и Ресен – по 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Кавадарци и Виница – по 5, Гостивар и Кичево – по 4, Свети Николе и Струга – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 1 лице.
Министерството за дзравство информира дека се регистрирани и 557 оздравени пациенти од: Скопје – 275, Битола– 52, Куманово – 49, Велес – 28, Прилеп – 25, Тетово– 21, Гостивар и Кочани – по 19, Струмица – 13, Свети Николе – 12, Кичево – 8, Гевгелија и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Берово– 4, Богданци и Кратово – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г). 26 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови ,велат од здравство.
Направени се 2.362 тестови преку: ИЈЗ-395, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 9, Институт за микробиологија – 156, МАНУ – 74, Жан Митрев (Филип Втори) – 100, Авицена -183, Биотек – 481, Систина – 179, лабораторија Лаор – 275, Синлаб – 15, Ремедика – 39, Плодност – 58, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 283.
Досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 66578, активни 7597
Куманово 8368, активни 1159
Прилеп 8093, активни 861
Тетово 7036, активни 609
Битола 6035, активни 1144
Велес 5338, активни 602
Гостивар 5078, активни 403
Кавадарци 5068, активни 407
Штип 4852, активни 449
Охрид 4845, активни 533
Струмица 3939, активни 550
Струга 2911, активни 170
Кочани 2677, активни 271
Кичево 2421, активни 290
Гевгелија 2159, активни 294
Неготино 2132, активни 198
Свети Николе 1467, активни 135
Крива Паланка 1199, активни 78
Ресен 1199, активни 213
Радовиш 1075, активни 133
Берово 1000, активни 64
Делчево 942, активни 95
Дебар 927, активни 48
Виница 784, активни 116
Пробиштип 767, активни 32
Валандово 653, активни 70
Богданци 483, активни 67
Крушево 469, активни 91
Демир Капија 392, активни 30
Демир Хисар 376, активни 61
Кратово 354, активни 14
Македонски Брод 352, активни 26
Пехчево 259, активни 21
Македонска Каменица 228, активни 14
Дојран 132, активни 13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

