Македонија
Дамјановски пријавил во полиција дека некој му се заканувал и му барал 10.000 евра
Членот на Комисијата за верификација на фактите, Чедомир Дамјановски на 4 јуни пријавил во полиција дека непознато лице му се јавувало и му барало 10.000 евра.
Не се знаат мотивите за заканите ниту, пак, било познато дека Дамјановски имал нерасчистени должничко-доверителски односи со лицето кое му се заканувало телефонски.
„Министерството за внатрешни работи постапува крајно неселективно по сите пријави, обидувајќи се во рамки на законските ингеренции да ги документира кривичните дела, доколку за истите постојат докази. Веднаш по добивањето на пријавата, полицијата започна да постапува. Набргу беше утврден идентитетот на осомничениот, а кон крај на минатата недела истиот беше обезбеден и повикан на службен разговор. Во разговорот, иако осомничениот потврди дека телефонот бил негов, посочи дека во спорното време, наводно го дал на две непознати лица кои се затекнале во спортската обложувалница во која што се наоѓал во моментот“, соопштуваат од МВР.
Осомничениот е 56 годишно лице од Скопје кое и претходно и е познато на полицијата. Откако случајот ќе биде целосно документиран, против него ќе следи соодветен поднесок
Дамјановски во вторник на прес-конференција објави дека телефонски добивал закани по животот, а за истите закани го обвини и претседателот на Комисијата, Томе Аџиев./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

