Македонија
КВФ:Божин Павловски под псевдоним „Прозаист“ кодошел колеги
Македонскиот писател Божин Павловски под псевдоним „Прозаист“ од 60-тите до 80-тите години на минатиот век соработувал со тајните служби и кодошел врвни македонски имиња од областа на литературата, соопштуваат од Комисијата за верификација на фактите.
„Во повеќе досиеја, што се наоѓаат во Државниот архив, пронајдени службени белешки и други документи, кои потврдуваат дека лицето, најпрво било предмет на оперативна обработка заведено под псевдонимот “Прозаист” , а почнувајќи од 60-тите години на минатиот век и истовремено додека бил предмет на оперативна обработка, на поранешните тајни служби им давал информации за врвни македонски имиња од областа на литературата, кои од поранешните тајни служби биле предмет на обработка и осомничени дека, наводно, настапувале од позиции на македонски национализам, анархолиберализам или граѓанска десница.Согласно законските одредби, името на лицето и документите ќе бидат објавени во рок од три дена“ се вели во соопштението на Комисијата.
На седницата и формално биле потврдени одлуките на Комисијата, донесени на неколку претходни седници, за 12 други лица кои биле прогласени за наредбодавци или соработници на поранешните тајни служби, но чии лични податоци требаше дополнително да се утврдат.
Притоа, заклучено е дека шестмина од нив се веќе починати, а други шестмина се живи. Личните податоци и документите за живите лица ќе бидат објавени во рок од три дена на веб-сајтот на Комисијата.
Документите за Павловски ќе бидат објавени во рок од три дена на интернет страницата на Комисијата. Павловски револтиран од процесот на лустрација пред два дена се откажа од членството во МАНУ и ДПМ./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

