Македонија
СДСМ ги облече маичките „Слобода за Кежо“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека опозицијата го злоупотребува овој случај
Пратеници од опозициската СДСМ во понеделникот во Собранието ги облекоа маичките со натпис „Слобода за Кежо“, коишто во саботата ги донесе Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека опозицијата го злоупотребува случајот.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека владејачкта партија не се меша во работата на судските органи и јавното обвинителство, но ги повикаа институциите повнимателно да го разгледаат случајот со новинарот Кежаровски.
„Во овој случај би сакале да потенцираме дека би го разбрале позитивно и би го прифатиле позитивно, доколку јавното обвинителство и судските органи пристапат со поголем степен на внимание околу сензибилитетот на случајот на Кежаровски и ги разгледаат сите аспекти коишто ги укажуваат повеќе општествени фактори“, рече Димовски.
Тој потенцираше дека одредени партии го злоупотребуваат случајот и апелираше да не се злоупотребува за дневно политички пресметки.
„Би сакал да потенцирам дека одредени политички партии го злоупотребуваат овој случај на крајно неприфатлив и некоректен начин, не со цел да помогнат некому, , туку со цел да наштетат на другите политички партии. Затоа апелираме овој случај да не биде ставен во рангот на дневнополитичките пресметки меѓу политичките партии. На тој начин, очигледно и се искривува и се злоупотребува оној аспект којшто новинарите и сите новинарски здруженија сакаат да го наметнат во општеството“, изјави Димовски.
Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски во саботата достави до Собранието вкупно 123 маички за сите пратеници во собранието со натпис, „Слобода за кежо“. Судењето за новинарот е закажано за 9-ти август, а овој случај предизвика протести на новинарите пред судот. На Кежаровски ќе му се суди дека пред пет години го открил идентитетот на заштитениот сведок за случајот Ореше./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

