Македонија
Премиерот Груевски со честитка по повод Успение на Пресвета Богородица
Премиерот Никола Груевски до Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан во вторник упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
„Прославувајќи го големиот празник Успение на Пресвета Богородица, да си споменеме за нејзиниот живот и за нејзината големина. Преку нејзиниот пример, да се потсетиме на мајчинството и на улогата на секоја жена во нашите семејства, на сета нивна безусловна љубов, трпеливост и жртва за своите чеда, за своите рожби и за својот дом. Да ги почитуваме, вреднуваме и сакаме. Да се помолиме на Богородица за милост и благодат, а Бог да ни дарува благослов, многу здравје и многу рожби во секој дом и во секое христијанско семејство“, порача Груевски.
„Вредностите кои се поврзани со Пресвета Богородица да продолжат да бидат основа на нашиот систем и наша водилка, инспирација и мотивација за продолжување со нашите напори за унапредување на секоја општествена сфера, и за обезбедување на подобри услови за развој на секоја индивидуа, на општеството и на нашата држава Република Македонија“, се вели во честитката. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

