Македонија
Вработени од велешкиот суд пред „Ликвидација“ биле повикани во обвинителството

Вработени во велешкиот суд биле повикани во скопското обвинителство и во обвинителството во Велес за да дадат исказ во врска со случајот „Ореше“, односно за убиството на старецот од велешкото село Ореше, случај којшто од почеток го следат контроверзии.
Ова го кажа во исказ раководителката на кривичниот оддел на писарницата во Основниот суд во Велес Таа отишла да даде исказ во обвинителството во Скопје заедно со командирот на судската полиција во велешкиот суд, пред полициската акција „Ликвидација“, односно пред апсењето на судијата во случајот Ореше, обвинителот, тогашниот претседател на велешкиот суд, како и новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски.
Таа пред судот се правдаше дека предметот за овој случај воопшто не стоел кај неа, и според неа, овој случај „бил замрсен уште од почетокот“.
Пред судот искази даваа вработени во велешкиот суд, но и Сашко Арсовски братот на заштитениот сведок Златко Арсовски со псевдоним Бреза. Сашко обелодени дека во полиција бил присилен да даде исказ кој му го смислиле инспектори од полиција. Требало да каже и да ги наклевети тогашните судии во случајот Ореше дека му барале пари и му вршеле притисок за да биде ослободен неговиот брат, „Бреза“, кој одлежувал казна затвор за разбојништво. Според Сашко Арсовски, ништо од ова не било вистина.
Во случајот „Ликвидација“ му се суди и на новинарот Томислав Кежаровски дека пред пет години го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.