Македонија
Со закон ќе се ограничува загадувањето на околината со бензински испарувања
Министерот за животна средина и просторно планирање, Aбдилаќим Адеми во четврток се обрати на јавната расправа по Предлог на Закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, на која Министерството, како иницијатор за донесување на Законот, го презентираше финалниот текст на Законот, кој ќе го донесе до крајот на оваа година.
Законот го регулира испарувањето на бензини што произлегува од бензинските станици, испарувањето при транспорт на бензините и од инсталациите за складирање на бензините кај терминалите.
Имено, со законот се пропишуваат технички барања за заштита на животната средина со кои ќе се врши зафаќање на испарувањата од бензините, со што ќе се намали емисијата на испарливи органски соединенија во воздухот, но истовремено ќе се постигне и заштеда на бензините.
Особено намалување на испарувањата се очекуваат во близината на бензинските станици што ќе придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот во градските средини каде се лоцирани бензинските станици – изјави министерот Адеми.
Законот утврдува дека сите нови бензински станици, мобилни контејнери за транспорт на бензин (цистерни) и инсталации за складирање и претоварање на бензини од 1 јануари 2018 година ќе треба да ги исполнат техничките барања пропишани со овој Закон.
Постојните инсталации за складирање и мобилните контејнери ќе треба да ги постигнат техничките барања најдоцна до декември 2019 година, а бензинските станици до 31 декември 2021 година.
Ова ќе се постигне преку реализирање на План за постигнување на пропишаните технички барања за заштита на животната средина, што секој оператор треба да го изработи и достави на одобрување до МЖСПП најдоцна до 30 јуни 2016 година.
Министерството се одлучи за овој приод на постепено постигнување на техничките стандарди за заштита на животната средина поради високите трошоци што ќе ги имаат операторите за нивно постигнување, како и имајќи го во предвид искуството од други земји членки на ЕУ.
Законот ќе започне да се применува на 1 јануари 2015 година./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

