Македонија
Започна вежбата „Македонски Блесок-9“
Во Центарот за обука ,,Пепелиште“ се одржа свеченост за отварање на теренската вежба „Македонски Блесок-9“. На чинот на свеченото отварање пред учесниците на вежбата се обрати заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Мухамет Рацај кој истакна дека реализацијата на вежбата ,,Македонски Блесок 9“ за Армијата на Република Македонија претставува задача од врвен приоритет.
Генералот Рацај истакна дека високите оценки кои ги добиваме во континуитет од НАТО при извршувањето на мировните мисии, но и успешно изведените вежби за оценување на декларираните единици, се најголемата гаранција дека и оваа, од многу аспекти комплексна вежба ќе ја реализираме со успех.
На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот.
Оваа вежба ќе биде една од најсложените и најголемите досега, со оглед на бројот на учесниците (околу 1700 припадници на АРМ), но со примена на искуствата и научените лекции стекнати од досегашните вежби и учеството во меѓународните мисии, се очекува таа да биде беспрекорно реализирана и да ја постигне очекуваната цел.
Вежбата ,,Македонски Блесок-9“ е жива вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира обученоста и целосна интероперабилност со Армиите на земјите-членки на НАТО./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

