Македонија
Одбележан Светскиот ден на Белиот стап

Едно демократско и хумано општество е обврзано на лицата со оштетен вид да им обезбеди можности за нивна целосна интеграција и еднакви права, какви што имаат и луѓето со целосен физички капацитет.
Ова во вторник го рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во обраќањето на одбележувањето на 15 Октомври-Светскиот ден на Белиот стап.
Тој додаде дека Министерството за труд и социјална политика ги поддржува сите иницијативи и активности насочени кон подигање на свеста на граѓаните за проблемите, потребите, правата, потенцијалите и предностите на лицата со оштетен вид.
Во таа насока, како што рече министерот за труд и социјална политика, направен е чекор напред кон осовременување на правната регулатива која што овозможува подобрување на квалитетот на животот од различни аспекти на лицата со оштетен вид во нашата земја. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме побезбедна и поинклузивна општина за сите нас

Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, попладнево одржаа средба со граѓаните, претставници на невладиниот и бизнис секторот од општина Чаир.
Дискутираа на повеќе теми, разменија мислења, предлози и идеи за зголемување на сообраќајната безбедност, подобрување на степенот на јавната хигиена, а разговараа како да се надминат и останати предизвици со кои се соочуваат граѓаните. На средбата беа презентирани и планираните измени на Законот за локална самоуправа и како тие ќе делуваат за подобрување на ефикасноста на општината и зголемување на квалитетот на испорачаните јавни услуги кон граѓаните. Дел од присутните побараа да се разгледа можноста за поставување на дополнителна светлосна сигнализација на неколку сообраќајници, а разговараа и за можноста за зголемување на јавната хигиена.
Министерот Перински се заблагодари на граѓаните за нивниот интерес за соработка и им укажа дека поддршката на Министерството и Владата ќе продолжи и во иднина.
„Ме радува интересот на граѓаните активно да учествуваат во креирањето на решенијата за надминување на одредени проблеми. Дел од нив, ќе бидат надминати со измените на Законот за локална самоуправа и веќе нема да постои простор истите да се создаваат. Министерството и Владата ќе продолжат заедно со Општината да работат на надминување на сите предизвици со цел да се обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани во Чаир. Нам сите граѓани ни се битни, постоиме и работиме за нив, независно од нивната политичка, верска или било каква друга определба“, истакна Перински на средбата со граѓаните од Чаир, на која присуствуваа и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.
Македонија
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ

Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски попладнево рече дека потегот во Обединетите нации не значи дека Македонија не била усогласена со надворешната политика на Европската унија, бидејќи резолуцијата не била таква.
Тој вели дека единствената резолуција, која како обврзувачка поминала во Советот за безбедност, е таа на САД, каде Македонија е ко-спонзор.
– Ние застанавме со нашиот сатратешки партнер, тоа се САД, а тоа не беше резолуција на ЕУ бидејќи исто така коспонзор на резолуцијата на САД е земја – членка на ЕУ, а тоа е Унгарија, така што не може да стане збор за усогласена надворешна политика на ЕУ. Нашиот став кога станува збор за усогласена надворешна политика на ЕУ, тука не треба да има никој дилема дека ние секогаш ќе бидеме бидејќи ја имаме усогласено нашата надворешна и одбранбена политика заедно со Европската унија, но во случајот тоа не беше случај. Ние застанавме позади резолуцијата и бевме коспонзори на резолуцијата на САД која што е единствената усвоена резолуција од страна на Советот за безбедност, а тоа значи дека е апликативна, рече вечерва Мицкоски.