Македонија
Џафери: Сајбер одбраната е сериозна и реална потреба на новото време
Современите безбедносни консидерации од областа на информатичката технологија создаваат сериозни маки на професионалците, експертите и академиците кои се занимаваат со безбедноста и безбедносните прашања.
Тоа го истакна министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери, на денешното отворање на НАТО-регионалната школа за сајбер-одбрана која се реализира од денес до 26 октомври во Охрид.
Според него, Македонија е соочена со предизвикот и потребата за инкорпорирање на современите технологии во секоја сфера на модерното живеење и Владата покрај останатото е посветена на унапредување на благосостојбата на сите граѓани. Во таа насока, како што додава Џафери, е речиси повеќе од јасно дека за да се оствари оваа цел мора да се следат тековните трендови во сајбер домејнот.
„Оваа школа е прв ваков исчекор, кој е посветен исклучиво на сајбер одбраната. Тоа нема да биде последен чекор кој ќе го преземеме во оваа насока и во оваа област, туку само можност над која во склад со концептот за паметна одбрана на НАТО, ќе се обидеме да ги вклучиме сите земји од регионот и да придонесеме за поефикасна безбедност, сигурност и благосостојба на сите наши граѓани“, додаде министерот Џафери.
Дополнително, во контекст на моменталната состојба на полето на сајбер-безбедноста во Македонија, министерот Џафери посочи дека истата е на потребно ниво. Сепак, како што рече министерот, имајќи го предвид развојот на технологијата и новите системи, ние и сега и во иднина мораме да инкорпорираме нови и развојни безбедносни мерки.
Коорганизаторот на регионалната школа, предводен од кодиректорот Василка Санцин, инаку раководител на катедрата за меѓународно право на Правниот факултет во Љубљана, истакна дека целта на оваа школа е да се зголеми свесноста за сајбер-одбраната, како и свесноста за информатичката технологија и потребата од безбедност во таа сфера.
Професорот Методи Хаџи-Јанев од Воената академија во Скопје изјави дека оваа школа е од огромно значење за Македонија.
„Со ова даваме придонес и кон она што го прави Владата, бидејќи создавањето e-Влада и целокупниот пакет проекти, кои следуваат со тој дел, значително мора да бидат заштитени затоа што покрај бенефитите кои ги носи сајбер делот носи и голем број ризици што не ја загрозуваат само личната безбедност, туку и безбедноста на државата“, нагласи професорот Хаџи-Јанев.
На Регионалната школа за сајбер одбрана, која е коорганизирана од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје и од Правниот факултет од Љубљана, Република Словенија, учество ќе земат над 50 учесници од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.