Македонија
Три години затвор за Слободан Даневски од „Џумајлија“
Поранешниот градоначалник на општина Свети Николе, некогашен пратеник и експретседател на Управниот одбор на АК „Џумајлија“, Слободан Даневски е осуден на казна затвор од три години, јавува Утрински весник.
Даневски е осуден поради злоупотреба на службената положба и овластувања со извршување на повеќе дејствија кои во себе го имаат елементот на продолжени кривични дела.
Лани Основното јавно обвинителство во Свети Николе поднесе кривична пријава и против Зоран Даневски, брат на Слободан Даневски, за злоупотреба на службената положба и овластување во стопанството. Кривичната пријава го товареше Зоран Даневски за противзаконски дела со кои ја оштетил државата за 1,5 милион евра,а кои дела ги направил од позиција на генерален директор на комбинатот во кој претседател на Управниот одбор беше неговиот брат Слободан.
Основниот суд во Свети Николе донесе решение за спроведување истрага, но до тоа не дојде, бидејќи Зоран Даневски го искористи празниот простор од поднесувањето на кривичната пријава до решението за спроведување истрага против него од страна на Основниот суд, и преку ноќ исчезна од државата. За него се говори дека е во Бугарија, но и по речиси две години тој не е донесен во нашата држава за да му се суди. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

