Македонија
Мемети: Пренатрупаност во Шутка, притворениците немаат основни човекови права
Бројката на лицата на кои им се изрекува мерката притвор енормно се зголемува од година во година, притворското одделение е пренатрупано, констатира Народниот правобранител, Иџет Мемети, откако претставници од одделението за превенција од институцијата Народен правобранител го посетија новинарот на „Нова Македонија, Томислав Кежаровски, како и цело притворско одделение во затворот во скопската населба Шуто Оризари.
Мемети им порача да судиите да не ја употребуваат мерката притвор, доколку има можност за обезбедување на лицата со други мерки.
„Бројката лица на коишто им се изрекува мерката притвор енормно се зголемува од година во година и тоа говори дека станува збор за пренатрупаност во тоа одделение, што зборува дека тие лица не можат да ги остваруваат квалитетно своите основни човекови слободи и права. Имајќи ја предвид оваа констатација, апелирам до сите, особено до тие што одлучуваат за оваа мерка, доколку има случаи во кои може на друг начин да се обезбедат обвинетите, да не ја употребуваат мерката притвор и како можност за обезбедување на лицата да користат поинакви мерки, затоа што се соочуваме со ситуација според која на лицата кои издржуваат мерка притвор не им се почитуваат квалитетно сите слободи и права“, изјави Мемети.
Според него, не се исполнети миниумум стандардите во притворското одделение и најверојатно по извесен период ќе има уште една посета за да се провери дали се исполнети мислењата и сугестиите што ги дал правобранителот.
Народниот правобранител е во контакт со сопругата на Кежаровски и сите информации од затворот и’ се пренесени. Детали за условите во кои престојува Кежаровски, правобранителот најави дека ќе им пренесе на неговата сопруга и здружението на новинарите, но не и на новинарите.
Наместо Мемети, кој претходно во петокот најави дека во понеделник ќе го посети Кежаровски во Шутка, во понеделникот новинарот го посетија експерти и соработници од неговата канцеларијата, за да видат во какви услови престојува новинарот, како и другите притвореници.
Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор за откривање на идентитет на заштитениот сведок во случајот Ореше./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Темелно се реконструира месната заедница во Драчево
Започнати се градежните работи за темелна реконструкција на објектот на месната заедница во населба Драчево. Реконструкцијата опфаќа целосна санација на кровот и обнова на фасадата, што ќе придонесе за унапредување на енергетската ефикасност.
Предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализационата мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит системи.
Покрај надворешната обнова, објектот ќе добие и целосно нова функционална внатрешност, прилагодена на современите потреби на граѓаните.
„Со реконструкцијата се подобруваат и конструктивните и функционалните својства на објектот, кој подолг период беше во лоша состојба. Новата месна заедница ќе обезбеди модерен, безбеден и квалитетен простор за одржување на состаноци, активности и услуги за жителите на Драчево“, велат од Општина Кисела Вода.
Проектот се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит, и претставува дел од пошироката стратегија за рамномерен развој на сите населени места во Општина Кисела Вода.
Македонија
Муцунски на проштална средба со амбасадорката Агелер
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека денеска остварил проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
Како што наведе Муцунски, на средбата изразил благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.
На средбата било изразено заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.
Муцунски информираше дека биле разменети и мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што била потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.
Македонија
Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши
Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори создаваат политичка и економска нестабилност.
На брифинг со новинарите, Гаши посочи дека мандатите треба да се завршуваат до крај, а граѓаните да ги оценуваат политичките субјекти според реализираните ветувања. Тој нагласи дека одлуката за избори ја носат пратениците, односно политичката волја на 61 пратеник.
Во однос на Пржинската влада, Гаши оцени дека, како стабилна држава и членка на НАТО, Северна Македонија нема потреба од технички влади за организирање избори, посочувајќи дека изборните процеси во последниот период поминуваат без сериозни забелешки.
Гаши информира дека на координацијата со координаторите на пратеничките групи повикал на усогласување за изборот на Народниот правобранител, нагласувајќи дека постапката е доведена до пленарна седница и дека таа ќе биде свикана штом ќе има политички договор.
Тој соопшти и дека Собранието чека допис од министерот за правда Игор Филков за формирање работна група за Изборниот законик.
Во однос на наводите од СДСМ дека не бил испратен допис за Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, Гаши рече дека тоа не е точно и дека пратеничките групи треба да ги достават своите предлози до Комисијата за избори и именувања.

