Македонија
ЗНМ очекува Кежаровски да биде прогласен за невин
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) е задоволно од одлуката новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски да биде пуштен во домашен притвор, но очекува новинарот да биде пуштен да се брани од слобода и да биде прогласен за невин.
„Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок. Јавноста има право да биде информирана за злоупотребите на институциите што претставува највисок јавен интерес во едно демократско општество. Потсетуваме дека, согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права од Стрaзбур (ЕСЧП), затворска казна против новинар е оправдана само во случаи на говор на омраза и поттикнување на насилство“ се вели во соопштението на ЗНМ.
Кежаровски во четвртокот беше пуштен во домашен притвор сè до правосилноста на пресудата за случајот Ликвидација. Кривичниот суд го осуди новинарот на четири и пол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

