Македонија
Проверка на моторичките способности на идните полицајци
Од понеделникот почнаа проверките на моторичките способности, како дел од тестирањата за прием на нови 400 полициски службеници на испразнетите работни места.
За овие работни места се пријавени се 5.503 лица, од кои 820 се жени. Најдобрите кандидати коишто ќе ги минат сите фази од селекцијата, ќе ја отпочнат едногодишната обука, по која со најдобрите 400 ќе бидат склучени договори за вработување.
Министерката Гордана Јанкулоска ги посети новите кандидати во касарната „Ѓорче Петров“ крај Скопје и изјави дека при изборот ќе се води посебно внимание на правичната застапеност, и од аспект на етничката, но и од аспект на родовата застапеност.
Околу 20 проценти од вкупниот број пријавени успеваат да ја завршат првата фаза од квалификацијата.
Предуслов за натамошно продолжување со селекцијата, како и при претходниот прием на полициски службеници, е минимумот од 60 стомачни склекови, 55 градни склекови, трчање на 3.200 метри за 13,30 минути и 10 згибови на вратило за мажи. За женските кандидати минимумот изнесува 60 стомачни склекови, 27 градни склекови и трчање на дистанцата од 3.200 метри за 16,30 минути, како и други физички проверки, кои би биле определени од страна на Комисијата.
По завршување на физичкиот дел, ќе следува писмено тестирање кое опфаќа општообразовен и психолошки тест, по што ќе се спроведува поединечно интервјуирање, односно разговор со секој кандидат за полицаец, кој ги минал претходните фази.
Последна фаза во селекцијата ќе бидат здравствените прегледи, односно проверката на здравствените и психофизичките способности на кандидатите. Тие во постапката за селекција ќе се утврдуваат од страна на Здравствена комисија којашто ќе биде формирана за таа намена./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

