Македонија
Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и ИЦТ компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка.
Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.
Целта на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „ХАСЕЛТ“ и да се овозможат услови за споделување на заедничките цели во областа на информатичките науки и технологии.
„Соработката со „ХАСЕЛТ“ е иницијатива за приближување на практичниот и теоретски пристап како приоритет на едукативните политики на Универзитетот за информатички науки и технологии. Се надеваме дека oвој договор ќе го поттикнe унапредувањето на образовните и апликативните активности поврзани со информатичките науки и технологии“ изјави проф. д-р Нинослав Марина Ректор на Универзитетот „Апостол Павле“.
„Блиската соработка помеѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“ и „ХАСЕЛТ“ ни отвара одлична можност за реализирање на многу заеднички проекти коишто ќе им помогнат на студентите да им се приближи мостот помеѓу знаењата стекнати на факултет и практичната работа во индустрија, а соодветно на нашата компанија и дава прилика да влијае на најдобар можен начин во едукацијата и создавање на високо професионални кадри коишто во иднина ќе заземаат значајно место и сериозно ќе влијаат во ИТ индустријата во Македонија“ вели Хајан Селмани, основач и сопственик на „ХАСЕЛТ“.
„ХАСЕЛТ“ е компанија за развој на иновативни софтверски и ИТ решенија користејќи најнови и најмодерни ИТ технологии. „ХАСЕЛТ“ е стратешки партнер со повеќе успешни странски компани во ИТ индустријата и е главниот изведувач и креатор на нивните софтверски решенија. Компанијата моментално има примарно и главно преставништво за развој на софтвер во Скопје, Македонија и преставништво за развој на бизнис во Њујорк, САД. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

