Македонија
Осветлен автопатот од клучката Гевгелија до ГП Богородица
Осветлувањето на делницата од Автопатот Александар Македонски, од клучката Гевгелија до граничниот премин Богородица, ќе биде пуштено во вторник попладне.
Градежните активности за осветлувањето на оваа делница опфаќаат поставување на 158 канделабри, од кои 61 се со еднокрака и 97 со двокрака лира.
Должина на трасата која е осветлена изнесува 6.000 метри, од кои 3.500 метри на автопатот и 2.500 метри на краците од клучката.
Осветлувањето е изведено со систем за намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки, но не со класичен начин (со исклучување на секоја втора светилка во одредено време), туку со снижување на влезниот напон. Тогаш сите светилки со полна снага од 250W работат со снага од 150W.
Системот за димирање се вклучува на полноќ, кога фреквенцијата на сообраќајот е намалена, а се исклучува со исклучување на сите светилки. Со ова се постигнува рамномерно намалување на осветленоста, односно светлосниот флукс се намалува до 50% на сите светилки долж сообраќајницата.
Визуелниот ефект од намалувањето на осветленоста е неприметен за голо око, и ваквото намалување на степенот на осветленост нема да влијае на безбедноста на сообраќајот, особено што димирањето се врши во периоди со намален сообраќај.
Вкупна вредност на извршените работи изнесува 18,5 милиони денари. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

