Македонија
Џафери на регионалната конференција „Балкан Бенелукс сега!“
Министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери, во ново отворените простории на Универзитетот на југоисточна Европа во Скопје (УЈИЕ), присуствуваше и се обрати на регионалната конференција на тема „Балкан Бенелукс сега!“, која беше организирана од УЈИЕ, Австрискиот економски центар и Институтот за меѓународни и политички студии.
Џафери во своето обраќање пред присутните високи гости меѓу кои и ректорот на УЈИЕ, Замир Дика, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити и други угледни професори и експерти, ја поздрави ова идеја и додаде дека министерствата за одбрана на земјите од регионот се предводници на регионалната соработка, што може да се увиди и преку потпишувањето на меморандуми за соработка во областа на безбедноста.
Министерот посочи и дека за доброто на самите граѓани на регионот, овој тип на соработка треба да се преслика и во другите области. „Потребно е да има сè помалку бариери за здрав развој на економијата на Балканот“, истакна министерот Џафери.
Регионалната конференција која произлегува од проектот „Балкан Бенелукс“ на Акционата група за регионална економска и европска интеграција, претставува есенцијален столб на стратегијата на организацијата „Европејци за реформа на даноците“ за промоција на слободен проток на стока, луѓе, услуги и капитал во регионот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

