Македонија
Џафери-Есен: СИБРИГ е одличен пример за регионалната соработка

Командантот на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ), Хакан Есер, и министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, остварија средба на која констатираа дека соработката на министерствата за одбрана на Југоисточна Европа несомнено придонесува приближување на земјите, армиите но и на народите на земјите од овој дел на континентот.
На средбата, која е дел од неколкудневната посета на командантот на СИБРИГ на Република Македонија, министерот Џафери посочи дека Министерството за одбрана дава недвосмислена поддршка за беспрекорното функционирање на СИБРИГ, факт кој што можеше да се увиди и преку учеството на Бригадата во мисијата во Авганистан.
Генералот Есер посочи дека бригадата ќе продолжи по патот трасиран од претходниот командант, бригадниот генерал Здравко Поповски од Република Македонија, кој, според него, поставил одлични односи помеѓу нациите-учеснички. СИБРИГ, додаде генералот, претставува можност за комуникација меѓу армиите на земјите-членки, со цел придонес кон мирот и стабилноста во регионот.
Воедно, како што посочи командантот на СИБРИГ, при посетата на декларираната чета од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ, истата е целосно професионална, врвно обучена и подготвена за секој предизвик.
Бригадата на Југоисточна Европа, како дел од СЕДМ-процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа, е формирана во 1999 година, и тоа од седум земји-членки – Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)