Македонија
Полицијата се судри со дваесетина демонстранти за „Цар Душан“
Дваесетина демонстранти во обид да стигнат до споменикот на Цар Душан кој е поставен на мостот „Око“ се судрија со полицијата и Единиците за брзо распоредување, пренесува ИНА.
Полициското обезбедување веднаш им го ограничи движењето на демонстрантите и ги притисна пред влезот на Старата скопска чаршија, пишува „ИНА“ и додава дека големо полициско обезбедување било распоредено на плоштадот „Филип Втори“, а дел од нив се упатија кон „Мавровка“.
Својот револт демонстрантите го изразиле половина час по што се повлекле.
Полициското обезбедување сé уште останува распоредено пред мостот „Око“.
Безуспешни обиди за уривање на споменикот имаше и претходно, кога група демонстранти успеаја и да ја оштетат статуата. Низ Скопје можеа да се забележат постери со повици за протести, со крајна цел „соборување“ на Цар Душан.
Споменикот предизвика кавги и нетрпение и меѓу пратениците во Собранието. посебно во албанскиот блок.
Пратеникот на ДПА ,Орхан Ибраими, обвини дека ДУИ дале дозвола за споменикот, иако според него цар Душан бил деспот кој убивал Албанци.
Градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски, формираше комисија која ја испитуваше легалноста околу поставувањето на спомениците на мостот „Око“, меѓу кои и оној на Цар Душан, одлука која веднаш беше поздравена од граѓанското движење „Разбуди се!“.
Зголеменото присуство на полицијата во центарот на Скопје во неколку наврати ја спречуваше толпата која со албанско знаме во рацете се обидуваше да се доближи до споменикот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

