Македонија
Римокатолиците го прославуваат Божик
Припадниците на Римокатоличката, каки на другите христијански црква кои се раководат според западниот Грегоријански календар го прославуваат едена од главните верски празници – Рождество Христово (Божик), кога се потсетуваме на библиската приказна за младенецот на Јосиф и Марија, кој дојде на овој свет да со искупи од гревовите човечкиот род.
Традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија.
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на прославата ја прочита Божикната порака, во којашто меѓу дргуто истакна дека „Очите на сите христијани се насочени во еден историски настан кој се случи пред повеќе од две илјади години во малото Јудејско гратче Витлеем… Тој настан толку силно влезе во историјата на пресметувањето на времето – како темелен камен – ја подели епохата на стара и нова ера, време пред и по Христос“.
На свечената литургија во Католичката црква во Скопје присуствуваа претставници на државната власт со семесјтвата, претседателот ан државата Ѓорге Иванов, претседателот на владата Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски со семејствата, претставници на верските заедници, на дипломатскиот кор и челнови на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик според Грегоријанскиот календар го славата и лутеранците, баптистите, методистите, пентакосталците. Исто така, на овој датум Божик го прославуваат и многу православни автокефални цркви, со исклучок на Македонската, Руската, Ерусалимската, Грузиската и Српската православна црква, коишто ќе го прослават на 7-ми јануари според Јулианскиот календар. Оваа поделба постои од 1582 година со воведувањето на новиот систем на пресметување на времето во периодот на папата Грегориј XIII. Православните цркви и покрај вековните дебати, сепак, не го прифаќаат новиот календар, оценувајќи дека со него се нарушуѕва целиот литургиски циклус./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

