Македонија
Поради магла одложени летовите на „Александар Велики“

Појава на магла го сопре воздушниот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, а летовите во раните утрински часови се одвивале со задоцнување.
Според информациите од службите на аеродромот, утрово со задоцнување полетале авиони кон Дортмунд и Загреб, а летовите за Истанбул се откажани.
На патните правци Тетово – Скопје – Велес – Штип, Неготино – Градско, Кула – Катланово и Катланово – Велес поради маглата намалена е видливоста до 50 метри.
Железничкиот сообраќај се одвива без проблеми./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари на локалните оди со посебни советнички листи: Нема враќање назад

Министерот за здравство и лидер на едното крило од Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не отстапува од одлуката на локалните избори да одат со сопствени советнички листи иако на власт дојдоа како дел од коалицијата „Вреди“, која се подготвува да прерасне во една политичка партија.
„Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сè друго сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори“, рече Таравари денес при посетата на вакциналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“.
И денес тој уверуваше дека владината коалиција е стабилна и има редовна комуникација со премиерот со кого очекува средба откога ќе се врати од службено патување.
Неговите досегашни коалициски партнери од „Вреди“, пак, сметаат дека Таравари сам се исклучил од коалицијата и треба да си замине и од Владата оти не може и да биде дел од Владата и да преговара со ДУИ.
Македонија
Крмов побара родителите на настраданите од Кочани да присуствуваат на седницата, Гаши не дозволи

Пратеникот на политичката партија Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски побара во законодавниот дом да бидат пуштени родителите на загинатите деца од дискотеката во Кочани, кои протестираа пред Собранието.
„Според член 253, граѓаните на Република Македонија може да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите во согласност со прописите на внатрешниот ред на Собранието. Јас барам, ако парламентарното мнозинство се чувствува толку силно, мисли дека сè што направиле е во ред, се чувствуваат чесно, го бранат ревносно нивниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да ги отворат портите на Собранието за ние да ги пуштиме родителите на загинатите горе во галеријата да ја следат седницата“, повика Крмов.
Гаши рече дека е неприфатливо родителите од Кочани да бидат пуштени во Собранието бидејќи тоа треба да биде најавено и организирано. Истакна и дека не е добро да се манипулира со чувствата на граѓаните.
Македонија
Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица.
Пред пратениците се обрати министерот, кој рече дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со импровизираната дискотека „Пулс“.
Toшковски вели дека не се плаши од одговорност и жали за секој изгубен живот, а институциите постапуваат по сите случаи во согласност со законот.
„Пред вас не стојам како министер, туку како човек што ги разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како министер и родител“, рече Тошковски.
Министерот во однос на точките од интерпелацијата изјави дека лиценцата за „Пулс“ била фалсификувана, а за употребата на пиротехнички средства немало ниту барање ниту дозвола. Во врска со точката од интерплацијата за наукажување помош од страна на полициските службеници, Тошковски вели дека веднаш по дојавата за трагедијата, МВР реагирало со сите капацитети, а службениците регаирале ефикасно со насочување на сите ресуроси.
„Не можам да дозволам да се оцрнува секој полициски службеник и професионалец во рамките на МВР од страна на оние што не ѝ мислат добро на Македонија“, рече Тошковски.
Интерпелацијата ја поднесе партијата Левица поради, како што се наведува, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс“, нелегалната употреба на пиротехнички средства, неукажувањето помош од страна на полициските службеници, непроцесираните закани против неистомисленици на власта и забраната за употреба на дронови од МВР, што според партијата Левица, беше злоупотребено за да се повреди правото на протест.
Другите пет точки од интерпелацијата, како што беше истакнато, се однесуваат на уапсените граѓани во Гостиварско, кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана, која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни и кадровската политика во Министерството.