Македонија
ДИК го донесе роковникот за претседателските избори
Државната Изборна Комисија на 57 та седница што се одржа на трети февруари 2014 година едногласно го донесе роковникот за престојните претседателски избори, откако претходно на први февруари претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, донесе одлука за распишување на избори со кои граѓаните ќе изберат претседател на државата.
Со одредбите од решението за распишување на претседателски избори се предвидува првиот круг на изборот да се одржи на 13 ти април, а доколку не биде избран претседател ќе се одржи и втор круг кој предвидено е да се реализира по 14 дена од првиот круг, односно на 27 ми април.
Изборната кампања започнува дваесет дена пред денот на изборите и ќе трае до 11 април.
Денот пред изборите е предвиден како ден за предизборен молк.
„Роковникот кој што денеска на седница го донесе ДИК составен е согласно изборниот законик и најновите измени што беа консензуално донесени во Собранието на Р.Македонија“, истакна претседателот на ДИК, Никола Рилкоски, кој додаде дека јавниот увид во избирачкиот список ќе започне на 16 ти февруари и ќе трае до седми март.
Според роковникот листите на кандидати треба да се поднесат најдоцна 30 дена пред денот на изборите односно до 13 март 2014 година.
Лицата кои сакаат самостојно да настапат на изборите и кои ги исполнуваат сите услови предвидени со Закон ќе треба да соберат 10 илјади потписи во периодот од 16 февруари до 2ри март.
За прв пат на претседателски избори ќе гласа и дијаспората. Државјаните на Македонија кои се на привремен престој или работа во странство, односно кои се надвор од државата повеќе од три месеци, треба да се пријават со пополнување на обрасци кои ќе може да ги најдат на веб страната на ДИК како и во конзуларните претставништва во дијаспората.
Пријавувањето за гласање на граѓаните од дијаспората ќе трае до седми март.
Претседателот на комисијата потврди дека ДИК во целост е подготвена за престојните избори./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

