Македонија
Пратениците го изгласаа Законот за минимална плата
Во рамките на продолжението на 84 та седница на Собранието на Република Македонија што се одржа во четвртокот со 61 глас „за“ пратениците го донесоа Законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, истакна дека со него се предвидува од март годинава од сегашните 8.050 денари минималната плата да се зголеми на 8.800, во март 2015 година на 9.590 денари, а во март 2016 година на 10.080 денари.
Спасов нагласи дека за индустријата за производство на текстил, облека, кожа и кожни производи се предвидува подолгорочно воведување на законот.
„Од март годинава минималната плата во овие трудоинтензивни дејности ќе изнесува 7.500 денари, во март 2015 година 8.050, во март 2016-та 9.000, во март 2017 година 9.500 денари за во март 2018 година да достигне до 10.080 денари“, посочи Спасов.
Вкупното зголемување на минималната плата ќе биде за 25,2 проценти со што ќе изнесува 48 проценти од просечната плата потенцираше Спасов кој додаде дека во март годинава зголемувањето ќе изнесува 9,3 проценти, во март 2015-та за 8,98 проценти и во март 2016 година за дополнителни 5 проценти.
Со ова, според министерот, од моменталните 39,6 проценти од просечната плата ќе достигне до 48 проценти.
Кај трудоинтензивните дејности до 2018 година минималната плата ќе се зголеми за 47 проценти.
Марјанчо Николов од СДСМ нагласи дека неговата партија ќе го поддржи предлогот за измена на Законот, но забелешка имаше што за вработените во текстилната и кожарската индустрија повторно се предвидува минималната плата да важи по три години од донесувањето на законот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

