Македонија
Болничките наоди не покажаа знаци дека пациентите од Гостивар се затруени
Болничките наоди кај пациентите од Гостивар, кои во петокот беа примени на Клиниката за токсикологија во Скопје, не покажаа знаци за контакт со хемиски супстанци.
Директорот на Клиниката, Андон Чибишев, изјави дека сите болнички испитувања што биле направени во лабораторијата на Судска медицина не покажале знаци за постоење на штетно дејство на хемиска супстанца.
„При приемот во болница, пациентите се жалеа на субјективни потешкотии. Направениот клинички преглед, клиничките и лабораториските иследувања, вклучувајки ги и направените токсиколошки иследувања, се негативни или во рамките на утврдените референтни вредности. Потенцирам дека објективниот клинички преглед, клиничките, лабораториските и токсиколошките иследувања не покажаа индиции за постоење на штетно дејство на хемиска супстанца“, изјави Чибишев.
Шеснаесет пациенти од Гостивар во петокот беа примени на токсикологија. Сите се пожалија на потешкотии, односно печење на очите, гребење на грлото, отежнато дишење, вознемиреност и страв. Десет од пациентите беа ученици од економското училиште на возраст од 18 години, а шест беа вработени во училиштето.
Сите пациенти ја напуштиле Клиниката и покрај инсистирањето на лекарите да останат додека не бидат објавени резултатите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

